„Менса Македонија“ организира тестирање за прием на нови членови по повод 26 години од основањето
По повод 26-годишниот јубилеј од своето основање, „Менса Македонија“ на 4 декември 2025 година (четврток) ќе спроведе тестирање на општата интелигенција за сите заинтересирани кандидати кои сакаат да станат дел од ова меѓународно здружение на високоинтелигентни лица.
Препорачано
Тестирањето ќе се одржи во 18.30 часот на Факултетот за електротехника и информациски технологии на ул. „Руѓер Бошковиќ“ бр. 18 во Скопје.
Услови за учество
За пријавување на тестирањето кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
– да имаат наполнети најмалку 16 години,
– да уплатат котизација од 600 денари на следната сметка:
Примач: Менса Македонија
Сметка: 300-0000002113-02 (Комерцијална банка)
Цел на дознака: Тестирање
– да понесат валиден документ за лична идентификација,
– да имаат поминато најмалку шест месеци од последното тестирање,
– досега да не се тестирале повеќе од двапати.
Пријавувањето се врши онлајн, преку формуларот: https://forms.gle/LWDH9XC8LGAvSiA36
Кандидатите треба да прикачат доказ за уплата најдоцна до 3 декември 2025 година.
Во рамките на иницијативата за поддршка на крводарителството и младите, Менса Македонија овозможува 50 отсто попуст за сите крводарители, ученици и студенти. За овие категории котизацијата изнесува 300 денари.
Тестирањето се спроведува со стандардизирани тестови за интелигенција на Mensa International®, а резултатите се строго доверливи. Доколку кандидатот постигне резултат кој се наоѓа во горните 2 отсто од светската популација, добива право да стане член на Менса Македонија, а со тоа и на Mensa International®.


