Мендух Тачи и Џеват Адеми остануваат на црната листа на САД

фото: Тв Шења

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, Гафур Адили, Нури Беџети, Кастриот Хаџиреџа, Џезаир Шаќири, Невзат Халили и 30 други Албанци од Косово и Албанија и понатаму остануваат на црниот список на САД, јавува „Тв Шења“.

На списокот за забрана се голем број на денешни политичари, кои некогаш биле поранешни припадници на албанските војски во регионот, ОВК, УЧПМБ и ОНА, но и од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Според истиот медиум, Белата Куќа ја продолжи за уште една година националната вонредна состојба во врска со Западен Балкан, објавена со извршна наредба на 26 јуни 2001 година. Во едно соопштение објавено на 18 јуни, се потсетува дека американскиот претседател во 2001 година, објави национална вонредба состојба во врска со Западен Балкан, за како што се вели, да се третира невобичаената закана кон националната безбедност и надворешната политика на САД, која пристигнува од активности на лица ангажирани или кои помагаат, спонзоризираат или го поддржуваат екстремистичкото насилство во Република Македонија, која денеска е позната како Северна Македонија.

Ова национална вонредна состојба, се вели во соопштението на Белата Куќа, ќе ја третира и заканата на активностите на тие кои го спречуваат спроведувањето на Дејтонскиот договор во Босна и Херцеговина или Резолуцијата 1244 на Советот за Безбедност на Обединетите нации за Косово. Американскиот престедател ова наредба ја измени во 2003 година, превземајќи дополнителни чекори „во однос на актите кои го попречуваа спроведувањето на Охридскиот рамковен договор од 2001 година во врска со Македонија“, се вели во соопштението, пренесува „Тв Шења“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот