Мелони и Матарела ја посетија Модена по нападот со автомобил
Салим Ел Кудри, 31-годишен маж, роден во Италија со мароканско потекло, во саботата со автомобил влегол во толпа луѓе во центарот на градот, повредувајќи осум лица, од кои четворица потешко.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони и претседателот Серџо Матарела отпатуваа во северниот град Модена во недела, еден ден откако неколку лица беа повредени во инцидентот кога маж со со автомобил повредил осум лица, што беше прв од ваков вид во земјата, пренесува Ројтерс.
Препорачано
Салим Ел Кудри, 31-годишен маж, роден во Италија со мароканско потекло, во саботата со автомобил влегол во толпа луѓе во центарот на градот, повредувајќи осум лица, од кои четворица потешко.
Човекот се обидел да избега и избодел еден од тројцата минувачи кои се обиделе да го запрат. Подоцна бил уапсен од полицијата.
Обвинителите на Модена во неделата изјавија дека осомничениот е под истрага за обид за масакр и телесна повреда.
Тие рекоа дека човекот удрил пешаци во преполниот центар на градот, кој има повеќе од 180.000 жители, „на неселективен, случаен и намерен начин“.
Меѓу сериозно повредените, двајца ги загубија нозете, а еден е во животно-загрозувачка состојба, додадоа обвинителите.
Мелони ја откажа средбата во Никозија со претседателот на Кипар за да отпатува во Модена заедно со Матарела, соопштија владини извори, кои побараа да не бидат именувани.
Италијанскиот екстремно десничарски вицепремиер Матео Салвини, кој ја предводи антиимигрантската партија Лига, во неделата во објава на X повика на одземање на дозволите за престој за оние кои вршат кривични дела.
Масимо Мецети, градоначалникот на Модена, изјави дека двајца граѓани од египетско потекло биле меѓу оние кои се обиделе да го сопрат Ел Кудри додека се обидувал да избега.
Зборувајќи за радиодифузерот RaiNews24, тој исто така рече дека Ел Кудри во минатото бил лекуван од проблеми со менталното здравје. Тој исто така рече дека има диплома по економија и е невработен. Обвинителите не ги потврдија овие детали.
Тие исто така не беа достапни за да се потврдат извештаите дека меѓу повредените се Полјачка и Германка.


