Мелани Грифит во бикини – Никогаш не би и дале 61 година! (ФОТО)

И во седмата деценија може да се пофали со фантастично, витко тело.

Славната американска актерка Мелани Грифит веќе со децении е присутна на црвениот тепих во Холивуд, а најновите фотографии од папараците докажуваат дека таа секогаш била и ќе остане прекрасна дама.

Ниту Мелани не им одолеа на жештините па затоа замина на одмор, и тоа на островот Форментера, во близина на Ибица.

Оваа 61-годишна дама го откри телото во мало црно бикини кое докажа дека таа се уште изгледа фантастично, а на формата можат да и завидуваат и многу помлади колешки.

Иако често пати е критикувана дека го упропасти своето лице со ботокс, сепак за нејзиното тело не може да се најде ниту една замерка, а сето тоа го постигнува со секојдневно вежбање.

Да се потсетиме, Мелани во 2015 година се разведе од Антонио Бандерас, со кој беше во брак 20 години и има ќерка. Парот беше познат како еден од најстабилните, но на крајот и на таа љубов и дојде крајот. Мелани беше толку многу заљубена во својот поранешен сопруг што неговото име го истетовира на раката, а по разводот парот изјави дека вечно ќе се почитува и сака.

И Антонио Бандерас често ги критикуваше нејзините естетски корекции на лицето, неколку пати дури и јавно и нагласи дека несака млада жена, повикувајќи ја да престане со ботоксот и да му дозволи заедно да остарат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот