Меир: Ако победи Бајден нема да се смени политиката на Вашингтон кон Балканот

Profimedia

Американскиот експерт за Балканот, Алон Бен Меир, оцени денеска дека во случај на победа на демократскиот кандидат Џо Бајден на претседателските избори во САД, политиката на Вашингтон кон Балканот нема да се промени драстично во однос на пристапот на Доналд Трамп, но веројатно ќе биде поактивна.

Меир во интервју за Косово онлајн посочува дека и републиканците и демократите сакаат да видат крај на конфликтот меѓу Белград и Приштина и дека „балканските држави на крајот ќе се интегрираат во ЕУ”.

-Мислам дека Бајден може да биде поактивен во тој поглед, особено затоа што тој жестоко се спротивставува на мешањето на (рускиот претседател Владимир) Путин во ситуацијата на Балканот и секако ќе ја охрабри ЕУ да ја забрза интеграцијата на балканските држави, рече Меир.

Тој не очекува преговорите меѓу Белград и Приштина да дадат значителни резултати доколку Белград не се обврзе однапред да ја запре кампањата за убедување на другите земји да го повлечат признавањето на независноста на Косово и ако начелно не се согласи дека конечен исход од преговорите ќе биде признавање на Косово.

Меир смета дека процесот на преговори треба да биде структуриран на начин што „ќе овозможи постигнување на таа крајна цел”. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот