Мехмети: Убаво ќе беше вицепремиерот да побара државното знаме да се постави во Мала Речица

Поранешениот активистот и актуелен советник на генерален секретар на СДСМ, Замир Мехмети ја коментира инспекцијата на примената на Законот за употреба на јазици што ја правеше вицепремиерот Бујар Османи.

„Убаво е тоа што вицепремиерот за европски прашања оди во инспекција по институции за да види дали се спроведува законот за двојазичност. Ќе беше уште поубаво ако текстот со видеото беа преведени и на македонски, пошто нели се залагаме за спроведување на закон.А најубаво ќе беше и да отидеше до мала Речица за да побара конечно да биде поставено државното знаме, а не вака селективно да брка ситни политички поенчиња.Или се бориш за вистински спроведување на закон, или вака си се брукаш себеси и партијата трето нема“, пишува Мехмети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот