Механџиски: Државата не нѝ дозволува, иако можам веднаш да набавам вакцини против ковид-19

Механџиски

Државата не дозволи на домашните фармации да ги искористат своите конекции за побрзо да обезбедиме вакцини против ковид-19, вели сопственикот на веледрогеријата „Зегин“, Благоја Механџиски.

– Ние имаме многу слаб тим на ниво дури и на Министерство којшто може да формира индекс на предвидување, како ќе се движи. Ние живееме од едно до друго јавување на министерот. Државата не дозволи фирмите кои се бават со лекови да набават лекови. Бидејќи не се набавуваат лекови само директно преку фабриката, има и други веледрогерии има и други конекции. Ние чекаме, а не сакаме да ја игнорираме државната иницијатива, ја поддржуваме. Ние можевме и сега можеме да набавиме вакцини – дециден е Механџиски во дел од интервјуто за емисијата „Трилинг“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот