Плакат за фестивалот посветен на Меѓународниот ден на џезот

Меѓународниот ден на џезот се одбележува со концерти во организација на Националниот џез-оркестар

Националниот џез-оркестар на 30 април во Скопје по десетти пат го организира фестивалот „Today it’s all about jazz“, по повод Меѓународниот ден на џезот.

Поради најавените неповолни временски услови, фестивалот е преместен од Парк „Ибни Пајко“ во објектот на Македонската филхармонија. Влезот е слободен.

Програмата на настанот содржи пет концерти кои ќе се одржат во малата и во големата сала на Филхармонија. Почетокот е закажан во 16 часот со настап на групата „Пич вајз“. Потоа ќе следува концертот на „Некст ту сајленс“ (во 17:15) и Арнау Гарофе со проектот „Франтик зен“ во 18:30 во малата сала на Филхармонија.

Вечерната програма ќе почне во 19:45 во големата сала со концертот „Џеко ливс“ на Националниот џез-оркестар и Дејн Олдерсон под диригентската палка на Зиги Фајгл, додека во 21 часот е најавен концерт на легендарната македонска група „Леб и сол“.

Претходно, во рамки на фестивалот се одржа и едукативна програма за деца со наслов „Џез фор кидс“. Работилницата се реализираше во соработка со Општина Кисела Вода и беше наменета за деца и ученици кои преку игра, импровизација и музика можеа да се запознаат со светот на џезот.

Меѓународниот ден на џезот е прогласен од УНЕСКО во 2011 година, по иницијатива на Херби Хенкок, и се одбележува во повеќе од 190 земји. Настанот во Скопје е поддржан од Халкбанк АД Скопје и „Скопско“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот