Режисерот Дејан Пројковски со наградата во Турција

Меѓународна награда за режија доби македонскиот театарски режисер Дејан Пројковски

На 11-тото издание на Интернационалниот театарски фестивал во Истанбул, Турција, еден од најтрофејните македонски режисери, Дејан Пројковски е добитник на Меѓународната награда за режија, со што уште еднаш ја зацврсти својата позиција на меѓународната театарска сцена.

Ова е второ вакво признание за Пројковски на истиот фестивал, по наградата освоена на 9-тото издание пред две години, што сведочи за континуитетот на неговата авторска визија, уметничката зрелост и доследниот ангажман во современиот театар.

Со оваа награда, Пројковски се вбројува меѓу најистакнатите режисери од регионот, чија работа и препознатлив сценски ракопис добиваат висока оценка и од меѓународната публика и од театарската критика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот