ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Меџити: Сируп од 100 илјади евра е даден на дете во приватна болница, ама нема пропуст во процедурата

Фатмир Маџити - министер за здраство / Фото: ''Слободен печат''/ Драган Митрески

Државниот здравствен и санитарен инспекторат извршил инспекциски надзор на Детската клиника во Скопје по информациите на „Слободен печат“ дека лек од 100 илјади евра од  државната клиниката бил администриран на дете во тешка состојба, хоспитализирано во приватна болница. Министерот за здравство Фатмир Меџити, во утринското интервју во емисијата „Слободен печат“ на Слободна ТВ изјави дека станува збор за сируп, кој е дониран за детето со тешка болест и не постои пропуст во процедурата.

-Веднаш иницирав службите на Државниот здравствен и санитарен инспекторат да проверат во што е пропустот. Има таков пациент, се работи за дете во тешка состојба кое било хоспитализирано во приватна болница, на механичка поддршка. Лекот е донација. Даден е на пациентот. Тоа е орална терапија, сируп. Според ДСЗИ нема никаков пропуст во овој случај, изјави министерот Меџити.

Клиниката за детски болести од вчера е без директор, бидејќи досегашната директорка доктор Стојка Нацева Фуштиќ се пензионираше.

Министерот откри дека директорката ќе биде жена, но не кажа за која докторка се одлучил да ја назначи на директорското столче.

-На Детската клиника во минатото имало проблеми со менаџирањето, но со професор Фуштиќ тоа се стабилизираше, рече Меџити.

Во врска со лекот „Трикафта“ за пациентите со цистична фиброза рече дека Министерството брзо издејствувало да донесе „Трикафта“ за 12 пациенти.

Извршен претрес во домот на екс директорот на Онкологија, доктор Нино Васев

-Вчера многу ми беше мило кога ги видов лицата и очите на тие пациенти од Асоцијацијата за цистична фиброза. Навистина беа благодарни. Тоа според мене како министер и човек, е свето право на секој пациент – да го добие тој лек што значи живот, рече министерот.

Тој вели дека здравството е жива материја, за која мора да се бараат системски решенија.

-Мораме да признаеме, дека никој не веруваше дека сега ќе донесеме Трикафта за 55 пациенти за толку кратко време. Лично се изборив самиот, во владин кабинет за тоа. Но исто така им благодарам и на премиерот и на Министерството за финансии и сите колеги кои имаа слух за оваа проблематика. До крајот на 2023 година обезбедивме 100 милиони денари за овие 12 пациенти, додаде тој. 

Целото интервју на колешката Валентина Ангеловска погледнете го во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот