Меџити најави нови возила за итната медицинска помош и вработувања

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Итната медицинска помош ќе добие 22 нови возила, од кои седум се донација од Европската Унија, а ќе бидат промовирани во првите недели од јануари. Министерот за здравство Фатмир Меџити најави и вработувања во здравството.

Новите вработувања ќе се реализираат од јануари, најмногу за медицински сестри, но и во брзата помош, секаде каде што има дефицит.

– Еден голем број од нив ќе вклопиме во овие вработувања во месец јануари. После тоа, нема да ни требаат согласности од Финансии и како Министерство ќе почнеме со нова систематизација низ целата држава, таму каде што има потреба, ќе ги вклучиме овие готови кадри, многу битни за македонското здравство, рече Меџити.

Министерот рече дека при изборот на нови кадри, ќе се бираат најдобрите.

Тој соопшти дека првите десет лекови од новиот двоцифрен број на лекови на позитивна листа, што ги користат пациентите со хронични болести, ќе бидат вклучени некаде во првите недели на јануари. Со тоа, нагласи, ќе се ревидира таа листа што не е ревидирана над 13 години.

Запрашан за рендген апарат во дефект во Градска, тој одговори дека веднаш ќе биде проверено и ќе биде информирана јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот