Меџити ќе го отстранува надвозникот кај Бит-пазар, граѓаните не го користеле
Кандидатот за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, откри како ќе го реши пешачкиот надвозник на Бит-пазар, кое е едно од најдискутираните и најпроблематични прашања во оваа населба. Тој во емисијата „Хајде куму“ на ТВ21 ексклузивно го објави својот план за решавање на ова прашање, за што вели дека бил во постојана комуникација со Здружението на тезгаџии на Бит-пазар.
Препорачано
„Сè уште не сум го промовирал јавно, но го кажувам ексклузивно тука. Човечката психологија е таква што не сака ниту надвозник ниту подвозник. Дури и еснафите од Чаршија велат дека продавниците со неколку скалила не вредат за оние што се на рамно ниво“, изјави Меџити.
Според него, претходниот проект со мостот не ги дал очекуваните резултати, бидејќи граѓаните не го користеле.
Тој додаде дека предложил и идеја со лифтови и скали, но трговците му рекле дека тоа би била расипничка инвестиција, бидејќи ниту тие нема да ги користат.
Конечното решение, вели тој, е да се отстрани постоечкиот надвозник и да се изгради официјален пешачки премин со семафори.
„За среќа, општината Чаир не обезбедила ниту еден денар за изградба на тој мост. Тој е изграден во замена за рекламен простор со компанијата „Акцент Медиа“ и општината нема финансиска обврска. Затоа, најдоброто решение е да се сруши мостот и да се изгради официјален премин со семафори“, нагласи тој.


