Медведев во второто коло на Австралија опен, Оже-Алијасим го предаде мечот против Боржеш
Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во второто коло на Австралија опен, откако го победи Холанѓанецот Јеспер Де Јонг со 7:5, 6:2 и 7:6 (2).
Препорачано
Медведев го подобри својот учинок на 6-0 на почетокот од годината, откако ја започна оваа сезона со освојување на пехарот во Бризбејн. Тој искористи седум од своите 13 брејк-топки против Де Јонг. Русинот во следното коло ќе игра против Французинот Кантан Алис, кој претходно го елиминираше Алехандро Табил од Чиле со 6:2, 6:2 и 7:6 (2).
Седмиот носител на грен слем турнирот, Феликс Оже-Алијасим, го предаде мечот против португалскиот тенисер Нуно Боржеш. Португалецот водеше со 3:6, 6:4, 6:4 пред да се повлече Канаѓанецот.
– Добро сум, но почнав да добивам грчеви на почетокот од третиот сет. Стана многу тешко, се обидов да го добијам сетот, но не беше можно. Не се сеќавам дека некогаш сум добил грчеви толку рано на турнир, толку рано во меч – рече Канаѓанецот.
Боржеш ќе се соочи со Австралиецот Џордан Томпсон во второто коло, кој излезе како победник во дуелот со Хуан Мануел Серундоло од Аргентина во четири сета со 7:6 (3), 5:7, 1:6 и 1:6.
Русинот Андреј Рубљов исто така се пласираше понатаму откако триумфирше над Италијанецот Матео Арналди со 6:4, 6:2 и 6:3 и ќе игра против Португалецот Хаиме Фарија во следната фаза од натпреварувањето.
Марин Чилиќ од Хрватска успеа да го совлада Германецот Даниел Алтмаер со 6:0, 6:0 и 7:6, Шпанецот Алехандро Давидовиќ Фокина беше подобар од Австриецот Филип Мишолиќ со 6:2, 6:3 и 6:3, додека Американецот Томи Пол го елиминираше сонародникот Александар Ковачевиќ со 6:4, 6:3 и 6:3.


