Медведев: УС Опен е шега, така? Видовме што се случи со Ѓоковиќ! (ВИДЕО)

фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Рускиот тенисер Данил Медведев се најде во центарот на бизарен инцидент на УС Опен откако беше лут кон судијата, бидејќи не му беше дозволен „челенџ“ во текот на полуфиналниот меч против Доминик Тим.

Медведев кон средината на вторито сет бараше „челенџ“ на својот сервис, но не го доби, со објаснување дека доцна го побарал. Тој гем Тим го освои и поведе со 4:2, а потоа и првиот сет го заврши во своја корист.

Барав „челенџ“ на време – рече Медведев, а потоа премина на другата страна на мрежата за да покаже каде удри топката.

Со оглед на тоа што преминувањето преку мрежата не е според правилата, Медведев доби опомена од страна на судијата кој не му дозволи „челенџ“.

Медведев се обрати и до супервизорот и официјалните лица кои седеа настрана и потоа саркастично коментираше рускиот тенисер, потсетувајќи и на дисквалификацијата која му се случи на Новак Ѓоковиќ.

– УС Опен е шега, така? Видовме што се случи во четвртото коло. А, се извинувам. Мислам дека убив некого! Се извинувам, лошо беше што ја преминав мрежата. Моето искрено извинување. О, Боже, искрено извинување, дали е сè во ред сега?! – се зборовите на Медведев.

Зверев и Тим во финалето на УС Опен (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот