За Австриецот ова ќе биде четврто, а за германскиот натпреварувач прво грен слем финале во кое еден од двајцата млади тенисери ќе го освои и својот прв голем трофеј во кариерата.
Доминик Тим и Александер Зверев ќе играат годинава за трофејот на грен слем турнирот во Њујорк (САД), УС Опен.
Тим до финалето стигна после три сета и голема борба со Русинот Данил Медведев, откако два сета доби во тај-брејк. Конечниот резултат е 6:2, 7:6 (7) и 7:6 (5).
Многу поголема неизвесност имаше на другиот полуфинален дуел во која Зверев беше подобар од Шпанецот Пабло Карењо Буста со 3:2 во сетови.
Иако Зверев беше во негатива (6:3, 6:2), направи целосен пресврт освојувајќи ги наредните три сета со 6:3, 6:4 и 6:3.
Финалната битка помеѓу Зверев и Тим е в недела од 22.00 часот, а во истиот термин денеска е женското финале помеѓу Наоми Осака (Јапонија) и Викторија Азаренка (Белорусија).