Медведев: Би сакал да играм финале со Ѓоковиќ на неговото омилено место, па и да загубам

Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев се големи ривали, но уште поголеми пријатели/Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Вториот светски рекет Данил Медведев од Русија се пласираше денеска во второто коло на Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн.

После тој меч Русинот не сакаше да ја прифати улогата на фаворит на „Австралија опен“. На прашањето кое го доби од студито на „Еуроспорт“ околу тоа кој е фаворит, еве како одговори Медведев.

– Секогаш велам дека тој што е највисоко рангиран е фаворит, но овојпат ќе истакнам дека сега е Рафаел Надал. Сепак, тој има 20 Грен слемови – рече Медведев, додека Матс Виландер не се согласува со неговото мислење:

– Сега кога Новак не е тука, мислам дека Данил е најдобриот играч на светот. Да, рече дека Рафа е фаворит, но мислам дека сепак е Медведев – истакна Швеѓанецот.

Медведев зборуваше и за Новак Ѓоковиќ кој беше депортиран од Австралија и уште еднаш покажа почит спрема најдобриот светски тенисер.

– Мелбурн, арената „Род Лејвер“, тоа му е омилено место во светот, толку многу мечеви, победи во полуфинални и финални дуели, беше одличен. Се обидов да го запрам минатата година, но бев далеку од тоа. Посакувам да имам шанса повторно да играм со него во финалето на „Род Лејвер“, дури и да ме победи. Во финалето на УС Опен успеав да го победам Новак, тој тргна по нешто посебно, играше добар тенис, добро сервираше. Со кого и да играм во финалето, ќе треба да играм најдобро што можам – вели Медведев.

Ѓоковиќ останува без милиони долари, најголемиот спонзор најави итни разговори со тенисерот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот