Медведев сигурен на стартот, Мареј го доби доби маратонот кој траеше четири часа

Данил Медведев е моментно најдобар тенисер на светот/18 јануари 2022/Фото: EPA-EFE/DEAN LEWINS

Данил Медведев ја оправда фаворитската улога во првото коло на грен слем турнирот „Австралија опен“. Русинот го совлада Швајцарецот Хенри Лаксонен со резултат 3:0 во сетови 6:1, 6:4 и 7:6 (3).

Рутинска победа за Медведев која доминираше во поголемиот дел од мечот. Во првиот сет беше фуриозен, а во вториот и третиот одигра колку што треба. Вториот сет го реши „брејк“ во петтиот гем.

Во третиот сет Лаксонен го одигра својот најдобар тенис. Добро сервираше, што доведе до тоа Медведев да нема брејк топка во третиот сет. Се решаваше во „тај-брејк“ во кој Медведев дури четири пати му го одзема сервисот на противникот, што беше доволно за сигурна победа.

Во второто коло вториот светски рекет ќе игра против подобриот од дуелот Ник Кирјос – Лијам Броуди.

Триумф забележа и Енди Мареј кој за три часа и 55 минути игра го совлада Грузиецот Николоз Басилашвили со 6:1, 3:6, 6:4, 6:7 (5) и 6:4. Во следното коло Мареј ќе се соочи со Таро Даниел од Јапонија.

Австралија опен, резултати (мажи):

Баутиста Авут – Траваља 3:1
Гомез – Чилиќ 0:3
Умбер – Гаске 1:3
Колшрајбер – Чекинато 3:0
О`Конел – Гастон 3:1
Шварцман – Крајиновиќ 3:0
Скатов – Гомбос 1:3
Ван Де Зандшулп – Штруф 3:0
Карбаљес – Беранкис 2:3
Рубљов – Магер 3:0
Димитров – Лехецка 3:1
Џонсон – Томпсон 3:2
Соуза – Синер 0:3
Пер – Монтеиро 3:2
Криси – Изнер 3:2
Махач – Серундоло 3:1
Русувуори – Ожер Алијасим 2:3
Даниел – Бариос 3:0
Сафиулин – Молкан 1:3
Џумхур – Андухар Алба 0:3
Еванс – Гофан 3:0
Мартерер – Фриц 0:3
Давидович Фокина – Болт 3:0
Сепи – Мајхшак 0:3

Австралија опен, резултати (жени):

Андерсон – Стосур 1:2
Корне – Томова 2:0
Додин – Бегу 1:2
Дои – Кучова 0:2
Квитова – Кирстеа 0:2
Мертенс – Звонарева 2:0
Савил – Петерсон 0:2
Бурел – Мугуруза 0:2
Контавејт – Синиакова 2:0
Вондрушова – Хон 2:0
Швјонтек – Дарт 2:0
Баптист – Гарсија 2:1
Линет – Севастова 2:0
Инглис – Фернандез 2:0
Воегеле – Касаткина 0:2
Бектас – Самсонова 0:2
Бондар – Пављученкова 0:2
Халеп – Френх 2:0
Дијас – Рибакина 1:2
Ватсон – Шериф 2:1
Коњух – Роџерс 2:1
Зиданшек – Рус 2:1
Голубиќ – Женг 0:2
Таусон – Шарма 2:2
Ли – Ванг 0:2
Волинетс – Хадад Маја 1:2
Бузкова – Марино 2:2
Доулхајд – Колинс 0:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот