Медиумска изолација на Џо Бајден поради коронавирусот

Џо Бајден

Секогаш кога има криза или елементарна непогода, актуелните претседатели и функционери се во фокусот на јавноста, шанса, која тие секогаш ја користат да се прикажат во најдобро светло и да ги привлечат симпатиите на идните гласачи

Во периодот пред започнувањето на пандемијата со коронавирусот, кандидатот за номинација на демократите за претседателските избори во САД Џо Бајден важеше за фаворит.

И меѓу своите сопартијски опоненти на  предизборите во демократската партија, но и во однос на актуелниот претседател Донадл Трамп.

Како започна ексалацијата на пандемијата и како светот стана фокусиран единствено на случувањата околу коронавирусот, така медиумскиот интерес за Бајден  целосно запре, додека актуелниот претседател Трамп стана медиумски се-присутен.

Поранешниот потпретседател на САД во администрацијата на Барак Обама,во текот на  минатиот месец забележа серија победи на предизборите во американските сојузни држави, буквално исфрлувајки го од кампањата неговиот најсериозен против кандидат Берни Сандерс.

Овој успех на Бајден во светските медиуми речиси и да не е забележан, за разлика од периодот пред започнувањето на пандемијата, кога светските медиуми редовно информираа за односот на силите и за тоа кој во име на демократите ќе му се спротистави на актуелниот претседател Доналд Трамп на изборите закажани за ноември годинава.

Анкетите во тоа време укажуваа и дека единствено Бајден од кандидатите на демократската партија би можел со својот рејтинг да го победи Трамп и да стане новиот престедател на САД.

Но сега, со кризата околу коронавирусот, сите овие проценки и рејтинзи се неизвесни.

Секогаш кога има криза или елементарна непогода, актуелните претседатели и функционери се во фокусот на јавноста, шанса, која тие секогаш ја користат да се прикажат во најдобро светло и да ги привлечат симпатиите на идните гласачи.

Најновите анкети покажуваат дека откако започна кризата со пандемијата и откако Трамп е секојдневно во фокусот на вниманието, неговиот рејтинг се искачил на над 50 проценти доверба кај американците.

На Бајден, очигледно не му оди во прилог пандемијата. Засега не покажува капацитет медиумски да се наметне, па најверојатно ќе чека кризата со пандемијата на коронавирусот да заврши и да јазасили својата кампања во пресрет на  целосното освојување на  номинацијата за  претседателската трка закажана за ноември годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот