Медицинска сестра од Даблин оставила тестамент: Ниту најискусните здравствени работници не знаат што да прават

Навистина е лудост што од здравствените работници се очекува да ги жртвуваат своите животи за општо добро, а при тоа нивниот труд да е толку малку вреднуван, вели таа.

Кејт Офлакерти, 21 годишна медицинска сестра од Даблин, Ирска, секојдневно се грижи за заразените од корона вирус во земјата. Таа тврди дека и најискусните медицински лица не знаат што да преземат бидејќи се соочуваат со нешто ново.

– Ако ви е тешко да се ставите во положбата на медицинските лица, ќе се обидам да ви доловам – пред неколку дена напишав тестамент, вели Кејт, пренесува „Мирор“.

Кејт на своето момче му кажала каде се наоѓа тестаментот во случај нешто лошо да и се случи.

Таа напоменува дека навистина е лудост што од здравствените работници се очекува да ги жртвуваат своите животи за општо добро, а при тоа нивниот труд да е толку малку вреднуван.

– Во истиот период минатата година медицинските сестри безуспешно штрајкуваа. Оваа година не сметаат за херои. Не сакаме да не нарекуваат херои, не сакаме да ни аплаудираат на праговите од своите куќи. Сакаме да се борите со нас за медицинските сести, негователите, оние кои се образуваат за оваа професија, да успеат да добиваат третман и плата какви што заслужуваат. Треба да се поврземе, сите да се бориме за статусот на медицинските сестри, истакнува Кејт која е во првите редови во борбата со корона вирусот.

Кејт на социјалните медиуми во меѓувреме стекнала голем број обожаватели кои и даваат неизмерна поддршка и постојано добива пораки кои ја охрабруваат во борбата.

– О Кејт, Боже, тешко е да се чита, не можеме ни да замислиме како е да се поминува низ ова. Се надеваме дека си добро. Се молиме за вас, се дел од содржините кои стигнале на адресата на оваа млада медицинска сестра.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот