Бајден со задоволство би имал дебата со Трамп

Првиот човек на САД најави дека ќе учествува на дебата со републиканскиот ривал Доналд Трамп.

„Не знам кога. Со задоволство ќе дебатирам со него“, додаде Бајден.

Бајден беше интервјуиран од познатиот американски водител Хауард Стерн. Тој раскажуваше приказни за своето семејство и за пелтечењето како предизвик од детството. Тој вели дека токму ова го подготвило за тешките моменти во животот. Според него, говорниот дефект е најдоброто нешто што можело да му се случи.

Бајден на крајот се справил со пелтечењето, но тоа повремено се појавува во неговите јавни настапи. Интервјуто со Стерн е направено додека Бајден е во посета на Њујорк за политички настани.Тој сподели доста биографски детали додека како демократски претседателски кандидат се обидува да стане подостапен за гласачите.

Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, се однесувал кон него со љубов, но бил строг. Притоа раскажа приказна за тоа дека бил нокаутиран за време на фудбалски натпревар кога бил во четврто одделение. – Татко ми излезе на теренот и рече: „Џои, стани“. Само стани. Треба да станеш“, рече тој, пренесе МИА.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот