Мбапе е само третиот фудбалер кој постигнал хет-трик на „Камп Ноу“

Прашање е дали Мбапе ова лето или во 2022 година ќе се пресели во Реал/Фото: EPA-EFE/ALBERTO ESTEVEZ

Францускиот напаѓач вечерва реализираше три гола во големата гостинска победа на ПСЖ против Барселона (1:4) во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Килијан Мбапе блескаше на стадионот „Камп Ноу“ и со неговиот хет-трик покажа зошто е еден од најбараните играчи моментно на трансфер пазарот.

Интересен е податокот што Французинот е само третиот играч кој успеал во ЛШ да дојде до хет-трик на теренот на Барса.

Претходно тоа го направија уште Фаустино Асприља во дресот на Њукасл и Андриј Шевченко со Динамо Киев, и двајцата во далечната 1997 година.

Да додадеме уште дека за Барселона ова е нејзиниот втор домашен пораз од три или повеќе голови разлика оваа сезона, односно претходно загуби од Јувентус со 0:3 на 8 декември минатата година.

ВИДЕО: Барса пред елиминација, Ливерпул ги казни грешките на Лајпциг!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот