Мажот кој се закануваше со експлозив во Бар се предаде на полицијата

принтскрин ЈУтјуб

Човекот кој денеска се закануваше дека ќе активира експлозив пред филијала на НЛБ банка во Бар, се предаде на полицијата, соопштија црногорските власти.

Полицијата соопшти дека мажот, кој го блокираше влезот во банката од рано изутрина, се предал по долги преговори.

Полицијата во Бар утринава ги евакуираше вработените од околните канцеларии и станарите од зградата во која се наоѓа банката поради заканата на 36-годишниот Един Бегзиќ дека ќе активира експлозив.

Бегзиќ утрово залепи натпис „Вратете ги парите што ги украдовте од работниците на Приморка” и најави дека вооружен ќе ја држи банката под контрола сè додека не се вратат парите на работниците.

Во видеото што претходно го објави на Јутјуб, Бегзиќ рече дека кај себе имал панцир, маска за солзавец од молотов коктел, пиштол со куршуми и две рачно изработени експлозивни направи на далечински управувач.

ВИДЕО| Бар: Евакуиран дел од улицата, маж се заканува со експлозив

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот