Маж во црно поставил бомба пред израелски центар во Холандија
Експлозија погоди израелски центар во Нијкерк, Холандија, при што нема повредени, а е причинета минимална штета, соопшти полицијата, пренесе Ројтерс.
Препорачано
Инцидентот се случил вчера вечерта пред објектот управуван од организацијата „Христијани за Израел“, а во зградата немало никој во времето на експлозијата.
Полицијата објави дека експлозивната направа ја поставило маж облечено во црно и ги повика сведоците да се јават.
Организацијата предупредува на серија напади
Организацијата соопшти дека се шокирани од инцидентот и предупреди на поширок модел на слични напади.
„Штетата е ограничена, но влијанието е големо“, рекоа тие, додавајќи дека нападот е дел од „загрижувачки модел“ на напади врз еврејски и произраелски цели во Холандија и Белгија.
Тие, исто така, ја истакнаа симболиката на времето на нападот.
„Фактот дека ова се случило во пресрет на Велигден, најважниот христијански празник, го прави уште позначаен“, изјавија тие.
Полицијата соопшти дека е прерано да се зборува за мотивот и дека истрагата е во тек, а досега нема апсења.
Центарот во Никирк е домаќин на изложби, предавања и други активности поврзани со Израел, според организацијата.
Серија напади низ Европа
Овој инцидент доаѓа по серијата слични напади во Европа од почетокот на војната на Блискиот Исток.
Амбулантни возила управувани од еврејски волонтери беа запалени во Лондон, автомобил беше запален во Антверпен, додека синагоги беа цел на напади во Лиеж и Ротердам.
Еврејско училиште беше нападнато и во Амстердам. Помалку позната исламистичка група со можни врски со Иран ја презеде одговорноста за нападите.
Спречен бомбашки напад во Париз, цел била филијала на Банката на Америка
Холандија планира да потроши до три милијарди евра за системи против дронови


