Маж преживеал 15 часа во Мексиканскиот залив откако паднал од брод за крстарење
Патник исчезнал од брод за крстарење во Мексиканскиот залив, а по речиси 15 часа бил спасен откако го нашле во морето, соопшти американската крајбрежна стража, пренесува Би-Би-Си.
Препорачано
28-годишниот маж бил во бар на бродот „Карнивал Валор“ со својата сестра во средата вечерта, но не се вратил откако заминал да го користи тоалетот.
Неколку спасувачки екипи ја пребаруваа областа и мажот конечно бил забележан во четвртокот вечерта, на околу 30 километри од брегот на Луизијана. Се вели дека е во стабилна состојба.
Last night, a #USCG aircrew from Air Station New Orleans rescued a 28-year-old cruise ship passenger from the waters of the Gulf of Mexico. Read more: https://t.co/lOXMLuHu2Z pic.twitter.com/gGRTJempTX
— USCG Heartland (@USCGHeartland) November 25, 2022
Полковникот Сет Грос од американската крајбрежна стража рече дека човекот можел да биде во вода повеќе од 15 часа – „апсолутно најдолгото за кое сум слушнал – и само едно од чудата на Денот на благодарноста“.
Грос изјави за Си-Ен-Ен дека случајот не наликува на ништо што го видел во неговата 17-годишна кариера и дека среќниот исход „покажува дека волјата за живот е нешто што треба да го дадете во секој случај за пребарување и спасување“.
Не е јасно како мажот паднал во водата од бродот кој бил на пат за Козумел во Мексико.


