Хрватска полиција
Полиција, Хрватска / Фото: Профимедиа/Илустрација

Маж ја нападнал девојката на НЕГОВИОТ СИН: Со часови ја малтретирал и се обидел да ја СИЛУВА

Повеќе пати осудуван сексуален престапник (58) од поширокото загрепско подрачје заврши во притвор поради обвинението дека пред извесен период се обидел да ја силува девојката на неговиот син, објави „Блиц“.

Девојката (20), со која синот на осомничениот е во врска, пријавила дека „свекорот“ дека на 24. септември во куќата во која тој живее со неговиот син, неколку пати без нејзина волја и одобрување се обидел да започне сексуални односи.

Имено, девојката го пријавила настанот откако таа тоа утро дошла во куќата на својот дечко за да помогне околу домашните работи. Но, дечкото не бил дома па таа останала сама со неговиот татко, инаку личност која една деценија минала во затвор поради низа на сексуални престапи.

Тогаш наводно, таткото започнал да се однесува непристојно. Првенствено започнал со различни сексуални сугестии, а потоа бил многу подиректен, објаснувајќи што има намера да прави со 20-годишната девојка. Потоа, според зборовите на девојката која константно го одбивала и му зборувала да се контролира, започнал да „делува“. Започнал непристојно да ја допира и се обидел да ја одведе во кревет. Мажот наводно бил многу упорен, со часови инсистирал да го добие тоа што го сака, но кога сфатил тоа не е возможно, се откажал и отишол на работа.

Девојката го пријавила, а полицијата против него поднела кривична пријава за обид за силување. Исто така, поради истото дело против него е отворена истрага, а државното обвинителство на судијата на истрагата му предложило и одредување на притвор, пишува „Јутарњи лист“

Судијата ја прифатил мерката притвор за 58-годишникот поради две точки. Со оглед на застрашувачката казнена евиденција на човекот, според која тој бил осуден на 15 години затвор поради низа на тешки сексуални кривични дела, притворен е поради опасноста од повторување на делото. Дополнително, судијата за време на истрагата заклучил дека тој може да влијае врз сведоци, од кои еден е и неговиот син со кој живее во исто домакинство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот