Полагање државна матура Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Матурантите пак ќе полагаат матура во амфитеатри, така помалку препишуваат и користат телефони, вели ДИЦ

Полагањето на државната матура, државната стручна матура и државната уметничка матура, годинава ќе се одвива според новата концепција со изменети испитни програми за учениците од стручно и уметничко образование, а за гимназиското остануваат истите испитни програми. Тестовите по предметите нема да се исти за сите ученици како досега, туку оваа година за прв пат ќе се полага согласно наставните програми за гимназиско, стручно и уметничко образование, пренесува агенцијата Мета.мк.

Даниела Јовчевска Мијаловска, директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ), вели дека новата концепција на државна матура, ги опфатила сите недостатоци кои биле забележани во изминатите години.

Полагањето втора година по ред ќе се организира во амфитеатри, предавалници, читалници и фискултурни сали. За училиштата кои немаат соодветен простор ДИЦ е предвидено да обезбеди дополнителни локации. Во Скопје, дел од матурантите ќе полагаат на повеќе локации, ќе се полага на УКИМ, оние од Штип ќе полагаат на УГД на УКЛО, Еконосмки факултет во Прилеп, ДУТ, Штулов. Дел од училиштата ќе ја реализираат матурата во училишните спортски сали и холови.

Според Јовчевска Мијаловска, ланското искуство со полагање во големи простории покажало дека препишувањето и користењето смартфони е значително намалено. Како што е предвидено, телефоните и годинава секој матурант ќе треба да го остави во кутија пред да влезе на полагање. Намалени биле и преписите на тестот по англиски јазик. Пред три години, оценувачите во текот на процесот на оценување по предметот англиски јазик од државната матура, утврдиле дека дури 3.100 ученици препишувале на испитот, за што пишуваше и „Слободен печат“.

ДИЦ: 3.100 матуранти се фатени како препишуваат на испитот по англиски јазик

На платформата matura.gov.mk е достапен базен на прашања и тестови што биле користени од 2008 година досега, каде матурантите можат да вежбаат и да се подготвуваат за испитите.

На 6 јуни (сабота), со почеток од 9 часот, учениците кои пријавиле полагање државна матура ќе решаваат тест по англиски, германски, француски, италијански и руски јазик, како и по математика (зависно кој што одбрал). Истиот ден, учениците кои пријавиле државна стручна матура, ќе полагаат англиски јазик и математика, а матурантите кои пријавиле уметничка матура ќе полагаат англиски јазик или историја.

Испитите по мајчин јазик ќе се реализираат на 11 и 12 јуни. Учениците кои пријавиле државната матура ќе полагаат на 11 јуни, а матурантите кои пријавиле државна стручна или државната уметничка матура, мајчин јазик ќе полагаат на 12 јуни, со почеток од 9 часот, пренесува агенцијата Мета.мк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот