Фото: rkprolet.mk

Матлиески веќе не е тренер на РК Тинекс Пролет

Ракометниот клуб Тинекс Пролет ја информира јавноста дека Никола Матлиески повеќе не е шеф на стручниот штаб на скопскиот суперлигаш.

Матлиески пристигна во клубот на почетокот од 2025 година, во исклучително тежок момент по трагичната смрт на Александар Јовиќ, и максимално одговорно и професионално ја извршуваше тренерската улога.

За жал, резултатите во досегашниот дел од сезоната не се на посакуваното ниво, а по последниот пораз од Прилеп на домашен терен беше донесена одлука за промена на тренерската позиција.

Игор Илиевски, кој е дел од тренерскиот тим во младинската школа на Тинекс Пролет, ќе биде привремено решение до крајот на оваа календарска година.

РК Тинекс Пролет моментно на суперлигашката табела е на деветтата позиција со 11 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот