Маскирани насилници нападнале ученици во Србија со димни бомби и со топовски удари — речиси 400 средношколци биле во опасност
Учениците од Спортската гимназија во Белград вчера биле нападнати двапати со топовски удари и со димни бомби. Според соопштението што го објавија, ги нападнале двајца маскирани насилници кои сè уште не се пронајдени, објави „Нова“.
Препорачано
„Учениците на Спортската гимназија вчера, околу четири часот попладне, беа нападнати двапати од две маскирани лица, кои фрлаа топовски удари и димни бомби. За учениците е поразително што живееме во општество во кое е нормално да се врши агресија врз средношколци, меѓу кои има и малолетни. Овој напад е идеален пример за тоа против што младите денес треба да се борат. Не сакаме да учествуваме во политика, ниту нè интересира која било партија – нè интересира начинот на кој можеме да го натераме општеството да реагира соодветно на ваков чин на омраза кон иднината на нашиот народ,“ соопшти Пленумот на Спортската гимназија.
Во болница е студентката која маж од „Ќациленд“ ја удри со тупаница по глава
Пленумот на Спортската гимназија ќе продолжи да заседава, се додава во соопштението, а за провокаторите и за криминалците, се надеваме, системот ќе најде соодветна казна.
„Засега, двете маскирани лица кои нападнаа речиси 400 ученици на Спортската гимназија не се пронајдени ниту процесуирани,“ стои во соопштението.
ВИДЕО | Брутално полициско насилство во Нови Сад: Ја удира девојката по глава и ја влече за коса


