Маск и Тејт во одбрана на познатиот актер обвинет за силување: Добредојде во тимот

Илон Маск, Расел Бренд и Ендру Тејт Фото: EPA

Познатиот актер Расел Бренд беше обвинет за силување, сексуален напад и малтретирање на четири жени во текот на седум години, а една жртва била 16-годишно девојче.

Откако се проширија обвиненијата против 48-годишниот актер,  според истрагата објавена од лондонскиот „Тајмс“ (Тhe Times) и „Канал 4 Диспечес“ (Channel 4 Dispatches), неколку влијателни, јавни личности застанаа во негова одбрана, пишува „Њујорк пост“.

Преку објави на социјалните медиуми милијардерот Илон Маск, инфлуенсерот Ендру Тејт и политичкиот коментатор Такер Карслон го поддржаа Расел.

„Се разбира. Тие не ја сакаат конкуренцијата“, напиша Маск како одговор на видеото на Расел, во кое тој објаснува дека е мета на „координиран и агресивен медиумски напад“ поради неговите десничарски критики кон медиумите.

Инаку, минатата година Маск беше обвинет за злоупотреба на стјуардеса во 2016 година, а беше објавено дека неговата компанија наводно ѝ платила на жената 250.000 долари за да молчи.

Тејт, кој го чека судењето во Романија за обвиненијата за силување и трговија со луѓе, исто така го поддржа Расел.

„Добредојде во клубот“, напиша Тејт, покрај сликата на витез од анимиран филм со натпис: „На пат сум да се борам против обвинувањата на лудите кучки“.

Политичкиот коментатор Карлсон, исто така, се огласи, коментирајќи: „Критикувајте ги фармацевтските компании, доведете ја во прашање војната во Украина и можете да бидете прилично сигурни дека ова ќе ви се случи“.

Актерот велеи дека обвинувањата потекнуваат од времето кога тој бил „многу, многу промискуитетен“, за што рече дека пишувал обемно во своите книги. Но, тврди дека во тоа време на промискуитет, односите што ги имал биле апсолутно, секогаш консензуални.

ВИДЕО | Познатиот актер Расел Бренд обвинет за силување и сексуален напад на 4 жени, вклучувајќи и 16-годишно девојче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот