„Масив атак“ се враќаат по 15 години, на Скопје колинг 2025
Култниот бенд „Масив атак“ (Massive Attack) се враќа во Скопје по 15 години, овојпат за сите генерации и за оние коишто веќе ги гледале, но и за оние кои досега само слушале за нив!
Препорачано
Концертот на „Масив атак“ е закажан за 28 јуни на Стадионот на АРМ, како дел од фестивалот Скопје колинг 2025, во организација на „Авалон продукција“.
Легендарниот бенд е познат по безвременските хитови како „Safe From Harm“, „Angel“, „Teardrop“, „Protection“, „Unfinished Symphony“, „Inertia Creeps“, песни кои во живо се далеку повозбудливи од студиските верзии.
Нивната музика е бесмртна, а техничките можности за нејзината презентација и интерперетација во живо се подобри од кога било.
– „Масив атак“ се голем бенд и без конкуренција во она што ѝ го пружаат на публиката, од хедлајн настапите на големите светски фестивали, па до соло концертите, како овој што летово ќе го имаме во Скопје. За да се случи овој концерт во нашата земја, не требаше многу коцки да се склопат. Требаше да учествуваме во создавањето на мозаикот уште од самиот почеток на нивната светска турнеја – велат од „Авалон“.
Влезниците ќе бидат во продажба од среда (5 март) во 10 часот наутро на avalonbooking.mk, а сите детали околу истите ќе бидат објавени утре во 21 часот на нивните платформи.


