Маша од Скопје преку Валенсија го освојува светскиот музички пазар: Слушнете ја „Voices“

маша
Фото: Приватна архива

Русинката Маша која се појави пред неколку години на македонската сцена, по неколкуте одлични песни покажа дека е зрела за поголеми чекори.

Со оглед на тоа дека за музиката нема граници, младата пејачка од Валенсија, Шпанија започнува да ги прави првите чекори по светскиот музички пат.

Ако се прашувате зошто токму од Валенсија, затоа што Маша пред неколку месеци се запиша на реномираниот „Berklee College of Music“ за целосно да се посвети на својата најголема љубов – музиката.

„Voices“ е насловот на нејзината најнова песна, но овојпат на англиски јазик. Текстот е на Маша, додека пак музиката и аранжманот се дело на Панче Касапски, Маша и Лазар Цветкоски.

– Морам да кажам дека сум горда на ова што го направивме со тимот. Благодарна сум и на Панче, Лазе, Даниел, бидејќи го добив тоа што одамна го замислував во мојата глава. Се надевам дека песната ќе и се допадне на публиката, до мене веќе пристигнуваат доста позитивни критики. Ова е само мотив за мене да продолжам понатаму и дека сум на вистинскиот пат – вели младата Маша.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот