Фото: atleticovalladolid.es

Мартин Карапалевски од следната сезона во ГРК Охрид

Македонскиот повремен репрезентативец потпиша со ГРК Охрид најмалку до 2028 година. Игра на позицијата среден бек, има 26 години (178 cm) и следната сезона ќе го носи дресот со број 11.

Доаѓа од шпанското првенство и одличните настапи за тимот на Ваљадолид по две сезони, а пред тоа го носеше дресот на ракометниот клуб Вардар 1961.

– Се радувам што ќе бидам дел од ГРК Охрид, клуб кој расте од година во година. Уште од првите разговори ми се допадна идејата и проектот по кој клубот сака да се движи во наредните години. Со нетрпение чекам да настапам пред охридската публика и верувам дека заедно ќе се радуваме и ќе ги исполниме целите на клубот – изјави Карапалевски.

Потсетување, следната натпреварувачка сезона дресот на ГРК Охрид ќе го носат и хрватскиот репрезентативен голман Дино Славиќ и унгарскиот репрезентативен десен бек Доминик Мате.

Во меѓувреме, клубот за оваа сезона се засили со јапонскиот среден бек Косуке Јасухира кој дојде на позајмица од екипата на Бурган од Кувајт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот