Фото: EPA/CHEMA MOYA

Марта Костјук со трофејот на мастерот во Мадрид

Украинската тенисерка Марта Костјук денеска ја освои титулата на мастерс турнирот во Мадрид, Шпанија, победувајќи ја Мира Андреева со 2:0 во сетови 6:3 и 7:5 во финалето.

Костјук, моментно рангирана на 23 место во светот, славеше против осмата носителка на ВТА ранг-листата по еден час и 22 минути игра, со што стигна до најголемата титула во нејзината кариера, првата од серијата 1.000.

Ова е трет трофеј за Украинката во нејзината кариера, прв над нивото од 250.

Украинката го направи решавачкиот брејк во првиот сет во шестиот гем, а потоа во деветтиот прво спаси две брејк-топки, а потоа ја искористи втората сет-топка.

За разлика од првиот, вториот сет беше обележан со брејкови, вкупно имаше пет, а украинската тенисерка направи уште еден.

Двете тенисерки, чии земји се во војна од 2022 година, не се ракуваа на мрежата по мечот, ниту пак позираа заедно на церемонијата на доделување на пехарите.

Андреева ѝ честиташе на Костјук кога се обрати на публиката откако ѝ беше врачен трофејот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот