Марковиќ: Направивме гигантски чекор-цената за НАТО и ЕУ не беше мала, но една политичка елита во одреден момент ќе мораше да ја плати

Има еден сет на теми кои се „евергин“ и сет на теми кои моментално го подигаат расположението или мобилизираат. Првиот сет се трите приоритети – корупција, сиромаштија, невработеност. Тоа се теми кои се третираат перманентно и бидејќи се стално присутни можеби имаат изгубено од гласност, од она што ги предизвикува луѓето да реагираат. Тоа некако почнавме да го гледаме како долгорочен проект кој што треба да се решава, вели во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, професорот Ненад Марковиќ.

Инаку двете линии на напад, според во оваа рана кампања, вели Марковиќ, веќе се надзираат.

-Она што помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ може да го видиме е јасен лајтмотив кај двете партии. Едниот е случајот „Рекет“ каде ќе се проба максимално да се искористи, за да се створи перцепција дека постои спрега помеѓу едни, други, трети и во другиот случај мислам дека СДСМ повеќе ќе оди на мобилизација на тоа луѓето да ги потсеќа на 27 април, на тоа како беше во времето на Груевски и кои беа главните неславни моменти на режимот. Тоа ќе биде нешто што ќе се експлоатира максимално- вели во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ професорот Ненад Марковиќ.

За жал, вели Марковиќ, кај нас важи правилото дека многу малку памтиме и дека брзо забораваме низ што се моравме да поминеме за само две и пол години (бевме во ситуација каде што се се чинеше безнадежно).

-Да се присетиме како беше 2008, па 2011, па 2014. Ни се чинеше дека не постојат никакви шанси да се приближиме ни до НАТО, ни до ЕУ. Дали тоа беше свесна политика, последица на несвесна политика или пак политички консталации не е важно. Факт е дека изгледаше далечно. Во оној момент кога тоа еве се случува, со сета цена кое ова општество требаше да ја плати, одеднаш заборавивме дека тоа како надворешно политички приоритет ни е важно и е големо постигнување. Во таа смисла чекорот е гигантски. Цената не беше мала, но една политичка елита во одреден момент ќе мораше да ја плати. Да ја плативме во деведесеттите ќе беше многу помала. Како што проаѓаше времето цената на тој проект растеше- вели Марковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот