Марк Закерберг од вчера пред Илон Маск на листата на Блумберг

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Марк Закерберг вчера го престигна Илон Маск на листата на Блумберг за најбогати луѓе во светот, па сега основачот на Фејсбук е на третото место, а за прв пат пред Маск од 2020 година.

Маск, кој беше на врвот на листата на милијардери на Блумберг на почетокот на март, падна на четвртото место откако Ројтерс објави дека Тесла ги откажал плановите за производство на поевтини автомобили, со што акциите паднале, иако Маск го негираше извештајот на новинската агенција.

Богатството на Маск падна за 48,4 милијарди долари оваа година, додека Цукерберг додаде 58,9 милијарди долари, бидејќи неговата компанија Мета добро котираше на берзата, достигнувајќи нов рекорд денес. Ова е прв пат Цукерберг да влезе во првите три на листата на Блумберг за најбогати луѓе во светот од 16 ноември.

Тогаш тој имаше 104,8 милијарди долари, а богатството на Маск беше проценето на 102,2 милијарди. Моментално имотот на Маск се проценува на 180,6 милијарди, а на Цукерберг на 186,9. На листата на Блумберг на прво место е францускиот бизнисмен Бернар Арно, додека вториот сопственик на Амазон, Американецот Џеф Безос го пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот