„За плачење е сестро“: Маријана се расплака, Росана ја тешеше
Маријана Новачевска е позната како весела и позитивна личност, но едно нешто многу ја растажи и ја раплакала.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Сестрата на Росана Сариќ – Тодоровска долги години живее во Австралија и работи во стоматолошка ординација. Некогаш, како дуото Маријана и Росана, близначките испејаа многу песни кои останаа евергрини како „Стој“, „Едно срце“, „Сакам да заспијам“, „Признавам“ и други.
Маријана во Мелбурн живее со своето семејство. При крајот на 2025 година, таа објави слики од божиќниот појадок со ќерката Магдалена и нејзиниот партнер, снаата Анастасија која е сопруга на синот Филип, и со нивната ќерка Ева. Семејна слика е на нејзината насловна фотографија на Фејсбук.
Но, таа е многу емотивна и е многу поврзана со својата сестра Росана со која се гледаат секогаш кога Маријана ќе дојде во Македонија.
Едно од нештата кое ја растажи Маријана е токму песна од сестра ѝ Росана. Тоа е песната „Збогум“, преубава и тажна балада која Росана од срце ја испеа пред многу години.
„Рековме збогум, сѐ е свршено, а пусто има нешто недовршено, нешто во гради што ме удира, рана до рана душа ми откорна“, вели рефренот на оваа песна.
„Плачам на оваа песна“, напиша Маријана на Фејсбук, а Росана искоментира: „За плачење е сестро“.
На 10 февруари во 2022, по долго и тешко боледување почина композиторот Тоде Новачевски, по двегодишна борба со карцином. Тој ѝ беше сопруг на Маријана Новачевска, и е автор на хитовите на Маријана и Росана.


