Маричиќ: Максимално користење на ИПА средствата за реалните потреби на граѓаните

Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања
Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања / фото: Драган Митрески - Слободен печат

Без разлика на кризата во светски рамки, не се откажуваме од зацртаниот приоритет – спроведување на реформската агенда, регионалниот развој и создавање услови за нови инвестиции со цел напредок во евроинтеграцискиот процес и постигнување на европските стандарди и вредности дома, за нашите граѓани, истакнаа вицепремиерите Бојан Маричиќ и Фатмир Битиќи на денешниот координативен состанок за претпристапните ИПА фондови.

Маричиќ и Битиќи разговараа за актуелните активности од Интервентниот план за инвестиции, како и за следните чекори од првата фаза на Националната стратегија за развој 2021 – 2041 година.

– Искористувањето на ИПА финансиските средствата мора да биде за реалните потреби на граѓаните, затоа и координирано пристапуваме во планирањето и креирањето проекти кои ќе се темелат врз приоритетите на Националната стратегија, а истовремено ќе се во кохезија со европските политики, рече вицепремиерот Маричиќ.

Вицепремиерите ги договорија следните активности во делот на проектите од Европскиот и инвестицискиот план како приоритетни за финансирање преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, со фокус на зелената агенда на Република Северна Македонија, особено преку инвестициите во обновливите извори за енергија и управувањето со отпадот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот