Маричиќ: Да не си поставуваме бариери сами на себе

Фото: Влада на РСМ

Треба да бидеме мудри и сами на себе да не си поставуваме бариери. Не би било одговорно да го одбиеме овој предлог во кој сме ги постигнале нашите клучни барања и да се надеваме дека ќе ни биде понуден друг подобар. Во вистинските моменти ни требаат навистина и мудри и државнички одлуки, порача вицепремиерот са европски прашања Бојан Маричиќ по средбата во Скопје со германскиот специјален претставник за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

-Пред нас имаме европски предлог за отпочнување на преговорите со ЕУ кои ги вклучува сите македонски позиции и забелешки со кои преговорите ќе започнат веднаш по неговото одобрување. Ова е шанса за Северна Македонија. Ова е пакет кој треба да го определи нашиот тек на преговорите со ЕУ од сега па до крајот на преговорите и пакет кој треба да затвори еден сериозен спор што го имаме со Бугарија. Имаме два клучни интереси – да го зачуваме нашиот идентитет и јазик и да станеме членка на ЕУ. Мислиме дека новиот француски предлог тоа го овозможува, рече Маричиќ.

Спред него, во наредните денови без преголемо одлагање треба да донесеме одлука каква и да биде таа. Сметаме дека ова е можност која не треба да се пропушти. Вреди да собереме сила и да го направиме и одвој чекор за кој чекаме веќе 17 години. До сега времето работеше за нас, но во услови на војна во Украина ова е шанса која сериозно треба да ја земеме во предвид и сметам дека натамошни одлагања нема да бидат во наш интерес, вели тој.

Можеме, додаде, да се надеваме и на подобар предлог, се надевавме и во 2008 година кога го добивме ветото за членство во НАТО на подобар предлог со Грција, а 10 години подоцна го решивме тоа прашање во многу понеповолна позиција од таа што ја имавме во 2008 година.

-Владата го про овира овој предлог пред сите страни со сите негови добри и лоши страни и сметаме дека е шанса која не треба да ја испуштаме. Ова е национална задача без разлика на етничката и политичката припадност. Ако сега го одбиеме ова ќе треба во идно време повторно да преговараме од почеток, а не да продолжиме каде што сме застанале, истакна Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот