Маричиќ: Ние го заслуживме датумот, сега одговорноста е на ЕУ

Тој вели дека условите за преговори се исполнети, а сега останува на одговорноста на ЕУ да донесе одлука. Маричиќ зборува и за новата методологија на ЕУ и за очекувањата на граѓаните во борбата против криминалот и корупцијата.

Треба да сме претпазливи и внимателни и не треба да даваме никакви конкретни прогнозирања поврзани со датуми, бидејќи во минатото тоа не функционираше, вели во неделното интервју за РСЕ, Бојан Маричиќ, националниот координатор за европски прашања во Владата. Тој вели дека условите за преговори се исполнети, а сега останува на одговорноста на ЕУ да донесе одлука. Маричиќ зборува и за новата методологија на ЕУ и за очекувањата на граѓаните во борбата против криминалот и корупцијата, вели во неделното интервју за РСЕ, Бојан Маричиќ, националниот координатор за европски прашања во Владата.

– Пред неколку дена министерот за надворешни работи Никола Димитров рече дека кога ќе се изгорите на млеко дувате и на јогурт. Мислам дека треба да сме претпазливи и внимателни и не треба да даваме никакви конкретни прогнозирања поврзани со датуми, бидејќи во минатото тоа не функционираше. Ние сме подготвени за преговори, ние ги исполнивме сите услови и сметаме дека сме заслужиле уште во октомври да добиеме одлука за почеток на преговори.

Затоа ни е важно таа одлука за почеток на преговори граѓаните да ја добијат што поскоро, за тие да добијат вистински сигнал од ЕУ дека сите тешки одлуки во изминатиот период и дека сите тешки реформи навистина вредеа. Тоа би била вистинска порака кон граѓаните, не кон која било политичка опција, затоа сметаме дека за граѓаните е важно час поскоро тоа да се донесе, а дали ќе биде во март тоа во ниту еден случај, за жал, не зависи од нас како држава.

Инаку што се однесува до нас, реков веќе, дека уште во октомври ќе го добиевме тоа. Секој ден што порано ќе добиеме, тоа ќе биде позитивно за нас. Она што, ако ја држиме Европската унија за збор, во заклучоците од октомврискиот совет пишува дека до Самиот во мај ќе се навратат на ова прашање. Единствена шанса од Самитот во мај е Советот во март, така што останува на нив и на нивната одговорност да донесат одлука – тврди Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот