Фото: EPA/HANNIBAL HANSCHKE

Мари Луиз Ета е првата жена во историјата на Бундеслигата што ќе биде главен тренер

Мари-Луиз Ета е назначена за нов тренер на Унион Берлин, објави германскиот фудбалски клуб клуб. Нејзина главна цел ќе биде клубот да остане во Бундеслигата, моментно е на 11 позиција со 32 бодови.

Унион Берлин одлучи да го отпушти досегашниот тренер Штефен Баумгарт по поразот од Хајденхајм, а Ета ќе ја води екипата до крајот на сезоната.

Поранешната германска репрезентативка и светски шампион од 2010 година ќе дебитира како главен тренер на Унион Берлин следниот викенд против Волфсбург, но интересно е што Ета веќе сама водеше еден натпревар на овој тим како привремено решение, во 2024 година, кога Ненад Бјелица беше суспендиран.

– Воодушевена сум што клубот ми даде можност и ми ја довери оваа задача. Нашата најголема сила во Унион беше и ќе биде тоа што можеме да ја собереме нашата сила кога е најважна и да постигнеме резултати. Верувам дека тоа ќе биде случај и сега – рече Ета.

Таа почна да тренира во 2019 година, работејќи со помладите тимови на германската репрезентација. Таа е во Унион од 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот