Маракана заминува во историјата, најпознатиот фудбалски стадион го менува името

epa09047743 A picture taken with a drone shows the Maracana Stadium prior to the match between Flamengo and Nova Iguacu, during the opening of the Carioca championship in Rio de Janeiro, Brazil, 02 March 2021. EPA-EFE/Antonio Lacerda

Стадионот во Рио де Жанеиро, популарната Маракана ќе го смени името во Едсо н Арантес до Насименто – Реј Пеле.

Актуелниот официјален назив на најпознатиот фудбалски стадион е Марио Филјо, кој беше новинар и лобираше за изградба на стадионот.
Како што пренесоа медиуми, одлуката за промена за името на стадионот ја донесоа властите на сојузната бразилска држава, а официјалната промена на името мора да ја потврди и гувернерот на државата Рио де Жанеиро.
Според иницијаторите за промена на името, преименувањето на најпознатиот фудбалски стадион е достоен омаж за Пеле кој го задолжи бразилскиот спорт.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот