Мараја Кери ограбена додека била на летување со семејството

Фото: EPA-EFE/MIKE NELSON

Пејачката Мараја Кери била ограбена, додека летувала во Италија и Хемптонс, како што дознава „Page Six“. Во јули имаше упад во домот на пејачката во Атланта, а полицијата соопшти дека истрагата сè уште е отворена и дека не можат да споделат информации со јавноста.

Дворецот од 5,65 милиони долари беше купен во ноември 2021 година. Домот со девет спални соби и 13 бањи има базен, тениско игралиште и игралиште.

Во меѓувреме, Кери го помина изминатиот месец во Италија со момчето Брајан Танака и нејзините близнаци Монро и Марокан. Слики од одморот беа објавени на сите портали што можеби било повод за крадците да упатдат во домот на пејачката.

Кери во 2017 година го покажа својот гардеробер од Tribeca за Vogue, покажувајќи ги чевли Louboutin и чантите Birkin, како и вредни сувенири од Мерилин Монро.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот