Марадона за „Божјата рака“: Чечо, замолчи и гушни ме! (ВИДЕО)

фото: твитер

– Скокнав, но недоволно високо. Немаше шанси да ја удрам топката со глава, но ми текна дека имам рака – вели аргентинската фудбалска легенда.

Славниот Аргентинец објасни како со рака постигна гол против Англичаните на Светското првенство во 1986 година. Пред 34 години Диего Армандо Марадона ги постигна двата најславни голови во историјата на фудбалот.

Во четвртфиналето на Мундијалот во Мексико во 1986 година, на 22 јуни, Аргентина благодарение на Марадона ја совлада Англија.

Прво го реализираше еден од најконтроверзните голови во историјата, со рака го измами голманот на Англичаните, Шилтон, но и тунискиот судија Бин Насер.

Скокнав, но недоволно високо. Немаше шанси да ја удрам топката со глава, но ми текна дека имам рака – рече Марадона.

Во прв момент не знаеше каде заврши топката заврши после ударот, но почна веднаш да се радува откако ја виде во мрежата.

Прв ми се доближи соиграчот Чечо и ме праша дали со рака го постигнав голот. Му реков да замолчи и да ме гушне. После и Валдано го доби истиот одговор. Им реков, „ќе зборуваме подоцна“ – додаде Марадона.

Неколку пати се сретнав и со судијата од тој меч. Тој го обвинува помошникот кој му покажа дека сè е чисто. Не се судиите виновни, на стадионот имаше 80.000 илјади луѓе и никој не го виде тоа – се зборовите на аргентинската фудбалска легенда.

Четири минути подоцна во еден спектакуларен слалом го постигна и еден од најубавите голови на сите времиња. Таа 1986 година Аргентина ја освои светската титула откако во големото финале со 3:2 беше подобра од тогашна Западна Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот