МАПА | Во наредните осум месеци се воведува посебен сообраќаен режим во дел од Центар

Од денеска па сè до 23 септември оваа година, поради изградба на нови улици и останата инфраструктура, се воведува посебен режим на сообраќај на дел од улицата „Тодор Александров“ во Центар, која води кон Водно, информираат од претпријатието „Гранит“.

Поточно, се работи за улицата која се надоврзува на булеварот „Мајка Тереза“, поранешна „Водњанска“, а градежните зафати ќе се одвиваат на краците 11 и 12, а од „Гранит“ велат дека активностите ќе се спроведуваат согласно одобрението за времена измена на режимот на сообраќај издадено од Град Скопје.

Согласно издадено Одобрение за времена измена на режим на сообраќај од Град Скопје со број 15-12450/4 од 13 јануари 2026 година, Ве известуваме дека на ден 2 февруари 2026 година ГД Гранит АД Скопје ќе започне со градежни активности кои се однесуваат на изградба на улици и комунална инфраструктура на улици: Тодор Александров бр.11 и Тодор Александров бр.12, Општина Центар во Скопје, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот