Мандиќ ги повика сите црногорски опозициски сили на антивладини протести

Андрија Мандиќ / Фото: Savo PRELEVIC / AFP / Profimedia

Претседателот на Нова српска демократија (НСД) и еден од лидерите на црногорскиот Демократски фронт (ДФ), Андрија Мандиќ, уште еднаш ги повика сите опозициски сили заеднички да организираат големи протести како средство за притисок врз новата влада.

Мандиќ синоќа гостуваше во подгоричката ТВ Адриа, од каде кажа дека ДФ испраќа јавна покана до Демократите, но и до сите опозициски партии, заеднички да организираат демонстрации како средство за притисок врз актуелната власт.

Лидерот на НСД е на мислење дека намерата на ДПС на претседателот Мило Ѓукановиќ е да ја уништи Социјалистичката народна партија (СНП) преку коалицијата „Црно на бело” на Дритан Абазовиќ.

Тој кажа дека малцинската влада функционира како неорганизиран оркестар, дека нема легитимитет и затоа не ѝ предвидува светла иднина.

Политичкиот живот во Црна Гора се забрзува, посочи Мандиќ и додаде дека слободата се чувствува меѓу луѓето вработени во јавната администрација и компаниите по падот на автократскиот режим на 30 август 2020 година.

Тој факт, вели Мандиќ, може да ги направи луѓето задоволни, како што последните настани можат да загрижуваат и навредуваат, бидејќи може да се каже дека е изневерена волјата на народот изразена на парламентарните избори.

-Секое флертување со Демократската партија на социјалистите е опасно. Познати се по тоа што ги отфрлија сите нивни политички партнери од Народната партија, преку Либералната алијанса и другите, односно сите што успеаја да ги фатат во нивната пајажина, а тие политички организации никогаш повеќе не значеа многу на политичката сцена, рече Мандиќ.

Црногорските пратеници на 28 април ја избраа новата малцинска влада на чело со премиерот Дритан Абазовиќ, со што се преобликува волјата на народот изразена на изборите во август 2020 година. Владата беше избрана со поддршка на ДПС на Мило Ѓукановиќ. с

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот