Прес-конференција за новиот филм на Манчевски, „Збогум Копакабано“ / Фото: Слободен печат, Драган Митрески

Манчевски започнува со снимање на „Збогум, Копакабано“ – Филм за тоа како живееме, како се смееме и како умираме

Македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули започнува со снимањето на својот осми филм – „Збогум, Копакабано“, проект кој речиси три години беше  блокиран поради неговото јавно укажување на корупција во Агенцијата за филм.

Прес-конференција за новиот филм на Манчевски, „Збогум Копакабано“ / Фото: Слободен печат, Драган Митрески

Филмот е социјална трилер-комедија за брат и сестра што крадат бисти низ Скопје, при што се отвораат теми за сестринска љубов и саможртва, самотија, сиромаштија, корупција и ментално здравје.

– Ова е филм за сестринска љубов и саможртва, за богати и сиромашни, за добри и лоши, за слепи и окати. Филм за тоа како живееме, како се смееме и како умираме“ – изјави Манчевски на денешната прес-конференција.

Прес-конференција за новиот филм на Манчевски, „Збогум Копакабано“ / Фото: Слободен печат, Драган Митрески

Тој додаде дека со оваа екипа и глумци се чувствува како со вистински рамноправни партнери во создавање парче уметност.

Во главните улоги се Сара Климоска и Филип Трајковиќ како Малина и Виктор – сестра и брат со комплексни карактери. Во актерската екипа се и Соња Михајлова, Петар Мирчевски, Дејан Лилиќ, Јордан Симонов, Јасмина Василева и други.

Прес-конференција за новиот филм на Манчевски, „Збогум Копакабано“ / Фото: Слободен печат, Драган Митрески

Дизајнерот на продукција Дејвид Манс, вели дека избраните локации низ Скопје за овој филм ја отсликуваат визуелната структура на градот, но и социјалните слоеви, контрастот меѓу животот на сиромашните и оној на богатите.

– Во срцето на приказната се ликовите и односите меѓу нив — сестра/брат, мајка/син, оние што имаат и оние што немаат, тие што имаат моќ и тие што се немоќни. Сето ова е вградeно во сценографскиот дизајн на филмот, кој служи како визуелен израз на приказната – додаде Манс.

Прес-конференција за новиот филм на Манчевски, „Збогум Копакабано“ / Фото: Слободен печат, Драган Митрески

Филмот ќе се снима со меѓународна екипа, на локации низ и околу Скопје, вклучително и кај Аквадуктот, за кој продуцентот Јане Ќортошев вели дека е „нашата Копакабана“.

Проектот доби поддршка и од национални и приватни фондови и институции од Бугарија, Србија, Албанија, Италија и Англија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот