Манчевски не е повеќе пратеник, си поднесе оставка

Собранискиот спикер Талат Џафери на почетокот на денешната седница на Собранието соопшти дека пратеникот Дамјан Манчевски поднесува оставка и дека согласно деловничката можност тој нема да ја образложува.

Донеодамнешниот министер за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, кој беше избран за пратеник на последните избори денес поднесе оставка до претседателот на Собранието на таа функција.

ДИК сега треба да го информира Собранието кој е следниот на листата што треба да го пополни неговото место.

Дамјан Манчевски по изборите се споменуваше како сериозен кандидат за функцијата генерален секретар на Владата, каде сега е Драги Рашковски. Манчевски ниту ги демантираше ниту ги потврди тие информации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот