Eтихад/EPA/ADAM VAUGHAN

Манчестер сити на еден натпревар ќе го промени името на својот стадион

Манчестер сити викендов привремено ќе го промени името на својот стадион за натпреварот против Брентфорд во Премиер лига.

Наместо вообичаеното име „Етихад“, стадионот ќе биде преименуван во „The City in the Community Etihad Stadium“, во чест на хуманитарната организација „City in the Community“, која е официјална добротворна фондација на клубот.

Клубот подготви и низа дополнителни активности за промоција на организацијата. Фудбалерите ќе истрчаат на теренот во јакни со логото на фондацијата, додека Рубен Дијаш снимил специјални аудио-пораки за автобусите и трамваите што сообраќаат кон стадионот.

Во кампањата се вклучени и ученици од локалните училишта, кои ги изработиле графиките со фудбалерите за социјалните мрежи на клубот.

Иако Манчестер сити во текот на целата година ја поддржува фондацијата преку донации и промотивни активности, традиција е една првенствена средба по сезона целосно да биде посветена на работата на организацијата. Сега тоа ќе биде во дуелот со Брентфорд.

Избраниците на Пеп Гвардиола ќе се обидат со победа дополнително да го одбележат настанот и да останат во трката за шампионската титула во Англија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот