Манчестер јунајтед следната сезона ќе се бори за титулата

twitter/TNC Football

Џејмс верува дека доколку бидат комплетни, без повредени играчи, можат да се најдат во сериозна трка за шампионската титула.

Даниел Џејмс смета дека неговиот клуб од следната натпреварувачка сезона 2020/2021 би можел да се бори за трофејот во Премиер лигата.

Играчот на Манчестер јунајтед верува дека доколку бидат комплетни, без повредени играчи, можат да се најдат во сериозна трка за шампионската титула.

„Црвените ѓаволи“ до прекинот на оваа сезона поради пандемијата на коронавирус беа на петтото место во генералниот пласман.

И натаму не е познато кога и дали ќе завршат возбудувањата во најсилното англиско првенство, на „Олд Трафорд“ веќе имаат големи очекувања од следната сезона.

Следната сезона ќе биде многу важна за нас. Во оваа имавме неколку повредени играчи, како што се Маркус Решфорд или Пол Погба. Кога конечно сите бидеме здрави и подготвени, ќе имаме голема шанса да се бориме за титулата – рече Џејмс.

Премиерлигашките клубови од наредната недела би требало да почнат со тренинзи во помали групи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот