Манчестер јунајтед ќе плати 132 милиони евра за фудбалер кој сезонава само еднаш одигра 90 минути?
Манчестер јунајтед наводно размислува во јануарскиот преоден рок да тргне по потписот на фудбалерот т за врска на Брајтон, Карлос Балеба, чија вредност е проценета на дури 115 милиони фунти, односно околу 132 милиони евра. Клубот од „Олд Трафорд“ покажа интерес за 21-годишниот фудбалер и во текот на летото, а според англиските медиуми, тој и натаму е високо на листата желби.
Препорачано
Како што пренесува „Скај спортс“, Јунајтед веќе се распрашувал за условите за евентуален трансфер во јануари, но ставот на Брајтон останува непроменет, Балеба не е на продажба. Доколку сепак „црвените ѓаволи“ се решат да ја платат сумата што ја бара клубот од јужниот брег, ќе мора да го срушат сопствениот трансфер-рекорд.
Брајтон уште во август јасно стави до знаење дека младиот репрезентативец на Камерун може да замине само за 115 милиони фунти, сума што би ја надминала инвестицијата од 105 милиони евра за Пол Погба во 2016 година. Балеба има договор со Брајтон до 2028 година, со опција за продолжување на уште една сезона, што му дава силна преговарачка позиција на клубот и простор да бара огромна отштета.
Балеба досега има над 70 настапи во Премиер лигата, откако пристигна во Брајтон од Лил за 23 милиони фунти. Во актуелната сезона настапи на 16 првенствени натпревари, но само еднаш одигра комплетни 90 минути, без да запише гол или асистенција.
Преземено од: Спорт.ком.мк


